Деновиве се интензивираат работите околу изградбата на кружниот тек на крстосницата кај поранешна „Охридија“. Малите пешачки острови се отстранети, како и дел од оградата во средината на булеварот „Туристичка“.


Дијаметарот на кружницата надворешно ќе изнесува 45 метри, а внатрешно 28 метри, лентата околу неа ќе биде широка 8 метри, што, според одговорните во Локалната самоуправа ќе овозможи да се изведат две сообраќајни ленти кои комотно ќе можат да го примат целиот сообраќај на булеварот „Туристичка“.


Паралелно ќе се гради кружен тек и на пресекот на „Туристичка“ со улицата „Бистрица“, а во наредната фаза вакви сообраќаjни решенија ќе има и на најпрометните крстосници кај „Макси Д“ и „Охридска банка“, како и на пресекот на Туристичка со „Абас Емин„ и „Стив Наумов“.

OhridNews