Екипите при општинскиот инспекторат неделава отстранија седум времени објекти. Дел од нив не биле повеќе во употреба, а за останатите не бил утврден идентитетот на сопственикот.

Од локалната самоуправа потенцираат дека со тоа завршила првата фаза на отстранување на времените објекти кои не се во согласност со  урбанистичките решенија и планови кои треба да се донесат, а при тоа го нарушуваат и амбиентот и функционалноста на просторот.

Судбината на останатиот дел од вкупно 107- те времени објекти на ниво на општина Охрид, ќе биде позната по изработката на програмата за нивно поставување од страна на локалната самоуправа, која потоа треба да биде одобрена од страна на министерството за транспорт и врски , по што ќе биде донесена уредба врз основ на која ќе се одреди почетната цена за јавна лицитација за стекнување право за нивно користење.

Оние објекти за кои ќе треба да се изврши откуп на земјиштето, ќе треба да се уредат во согласност со амбиентот на локацијата каде се поставени.

Т.К.