Заради непречено маневрирање на пловните објекти, приврзување на оперативниот дел од пристаништето, испловување и пристанување во внатрешноста на градското пристаништето, денес од страна на охридската Капетанија на пристаништа, се изврши отстранување на старите сидра и бови .
За оваа цел беше користен бродот на Хидробиолошкиот завод, кој има специјална дигалка со која беше извршено нивното отстранување.
Сакавме пред почетокот на сезоната да го исчистиме пристаништето од старите бови и сидра за да не дојде до несакани случки, односно до евентуално нивно заплеткување во моторите на пловните објекти, велат од охридската капетанија на пристаништа.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com