Од локалната самоуправа информираат дека акцијата за отстранување на нелегално поставените платформи ќе продолжи и во текот на викендот, при што општинските инспектори ќе вршат контроли на активностите на угостителите кои самоиницијативно ги отстрануваат по добивањето на решенијата за извршување. Доколку не се постапува согласно најавеното, општината ќе продолжи да ги извршува активностите за отстранување според предвидената динамика.
- Денес се отстрануваат дивопоставените платформи од угостителските објекти, кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“. Дел од сопствениците на угостителските објекти кои претходно имаа добиено известувања за извршување, веќе имаа ангажирано сопствени екипи и веќе постапуваа во согласност со издадените решенија за отстранување на објектите, велат од локалната самоуправа.
Додаваат дека општина Охрид го поздравува потегот на угостителите кои одлучиле сами да ги отстранат дивопоставените платформи и уште еднаш потенцираат дека локалната самоуправа е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и успешноста на целокупниот процес за исполнување на препораките, со цел Охрид да го зачува статусот на град заштитен под УНЕСКО.
OhridNews












