Акцијата за ослободување на брегот на Охридското Езеро од градби и конструкции што ја спроведува локалната самоуправа, денеска продолжи на плажата Канео во стариот дел на Охрид.

Градежни работници so компресори и друг алат го отстарнуваа бетонот кој во одредени делови навлегува во езерските води, како и металните платформи и конструкции на плкажата.

Во изјава за OhridNews дадена неодамна, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески појасни дека  акцијата се спроведува согласно Планот за управување со Охридскиот регион и ги опфаќа плажите чии договори се истечени и истите се надвор од Генералниот урбанистички план.

Од Општина Охрид најавија дека акцијата ќе трае до целосно расчистување на крајбрежјето.

OhridNews