Родители упатуваат нов апел до надлежните за санирање на реквизитите во детското игралиште кај каналот Студенчишта, кое и покрај новоотворените, останува едно од најпосетените во градот.

Со оглед на добрата локација, покрај пешачката патека кон Горица, ова детско катче, секојдневно го посетуваат голем број деца. Но, дел од реквизитите и понатаму се оштетени и небезбедни за користење.

– За поздрав е тоа што се отвараат нови детски игралишта, но мора да се одржуваат и постоечките. Ги посетуваат деца и не смее да се дозволи нивната безбедност да биде доведена во прашање. Неодамна детенце се исече на една од лизгалките кои се скршени. Бесцелно е да се отвара ново детско игралиште, старите да се занемаруваат, па повторно на едно место да има преголем број деца, што повторно не е безбедно за нив. Ако игралиштетео не може да се одржува, тогаш нека се стави клуч на врата, велат родителите.

Со најголемо оштетување е една од поинтересните лизгалки за децата, а небезбедни се и останатите делови од искршените реквизити. Додека пак постојната вртелешка најголем дел од времето е оштетена и неисправна, но и покрај тоа децата ја користат.

Т.К.