На еднонеделната обука ќе присуствуваат професори по француски јазик и оние кои предаваат предмет на француски јазик во Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија. На универзитетот ќе се работи на методите за предавање со употреба на информатички и комуникациски технологии, а ќе бидат претставени и нови педагошки пристапи.
Меѓународната организација на франкофонијата ќе реализира обука наменета за професорите во двојазичните паралелки. Како што соопштува организаторот, се работи за професионална и техничка обука во доменот на хотелиерството и туризмот во Македонија, Албанија, Бугарија, Литванија, Молдавија и Романија.
Летниот Универзитет ќе се одвива до 3 јули 2010 година и е во организација на Амбасадата на Франција.
Извор:Makfax