Поради нестабилното време и најавата за дожд, свеченото отворање на  52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена “Долни Сарај” ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид, со почеток од 20.45 часот.

На 52- то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, ќе настапат ансамблите „Осиек“ од Хрватска, „Абант Изет Бејсал“ од Турција, „Светозар Марковиќ“ од Србија. „Златица“ од Бугарија, „Марболени “ од Шпанија, „Пролетер“ од Босна и Херцеговина, „Трицчеле“ од Италија, „Зора“ од Унгарија, „Курпианка“ од Полска и „Никола Јонков Вапцаров“ од Македонија.

Свој настап на фестивалот ќе имаат и фолклорните ансамбли од Охрид  „Бисери“ и „ОТЕКС“, како и културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Велгошти.

OhridNews