Градоначалникот Никола Бакрачески денес го отвори автопазарот, лоциран на дел од паркинг просторот кај градските гробишта, кој ќе работи секоја недела од 7 до 12 часот.

Со отварање на автопазарот локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија „Градски пазар“ и „Градски гробишта“ им излезе во пресрет на барањата на охриѓани и жителите од околните места, како и на трговците со половни автомобили, со тоа што тие повеќе нема да има потреба да патуваат во други градови,рече градоначалникот Бакрачески.

На автопазарот ќе се продаваат и половни мотоцикли и товарни возила, како и автоделови на посебно уредени тезги.

Во работните часови на автопазарот ќе бидат ангажирани двајца работници од „Градски пазар“ кои ќе се грижат за редот и хигиената на просторот, информира директорот на ЈП „Градски пазар“, Тони Коталески.

Дневен закуп за продажно место за мотоциклите е 50 денари, за автомобили 100 денари, товарни возила до 10 тона- 200 денари, за товарни возила со над 10 тона, 500 денари.

Дневен закуп на тезга е 300 денари, а закуп за период од еден месец 1000 денари.  

Т.К.