Катастарското одделение во Охрид утре и задутре ќе ги отвори вратите за граѓаните.
Агенцијата за катастар на недвижности информира дека Катастарското одделение во Охрид на 09 и на 10 Октомври (четврток и петок)ќе биде отворено од 9:00 до 19:00 часот за сите граѓани кои сакаат да се сретнат со вработените во оваа установа. Притоа тие ќе можат да ги изнесат своите проблеми и забелешките за работата на катастарот.












