Со цел матурантите подобро да се запознаат со можностите за студирање, Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“од Охрид, вчера, го организираше настанот наречен „Отворен ден“.
На ова дружење, идните студенти имаа можност одблизу да се информираат за достапните опции за студирање, да се запознаат со професорите и воопшто, да дознаат повеќе за студирањето на факултетите при УИНТ „Св. Апостол Павле“.
За убавата амтосфера беа задолжени „Backdoor band, а присутните ги забавуваше познатиот стенд ап комичар Никола Тодороски.