Со цел матурантите подобро да се запознаат со можностите за студирање, Универзитетот за Информатички Науки и Технологии  „Св. Апостол Павле“од Охрид, во сабота, на 25 мај, со почеток од 10 часот, ќе организира „Отворен ден“ за сите идни студенти.

На ова дружење, матурантите ќе имаат можност да се информираат за опциите за студирање и да се запознаат со професорите.

За забавата  ќе се погрижат „Backdoor band“ и познатиот стенд ап комичар Никола Тодороски.

OhridNews