Отворен ден за кариера денес ќе се одржи во канцелариите на Slice во Охрид. Од меѓународно реномираната компанија ги покануваат сите заинтересирани лица за отпочнување на нова кариера да бидат дел од настанот со почеток во 14 часот.
На отворениот ден посетителите ќе имаат можност да се запознаат со дел од тимот кој е заслужен за успехот на оваа светска компанија, да научат одлични совети и трикови во продажба, да уживаат во одлична пица и, секако, да бидат подготвени за можноста да бидат вработени на лице место, информираат од Slice.
Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и да бидат дел од отворениот ден. Потрагата по нови засилувања на тимот за продажба ќе започне со брзи интервјуа. Ажурирајте ја својата биографија и бидете подготвени да ни ги покажете вашите вештини на лице место, посочуваат од компанијата.

Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар, истовремено остварувајќи директна соработка со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.
OhridNews













