Со културно уметничка програма, синоќа, на плоштадот кај стариот чинар беше отворен Фестивалот на вино и сирење, на кој свои проеизводи презентираат винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење. Oд има на градот домаќин, учесниците и посетителите го поздрави заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев.

На дводневниот фестивал (11-ти и 12-ти август) учествуваат 12 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот на плоштадот кај Чинарот.

Во рамки на манифестацијата, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, посетителите ќе може да уживаат и во културно – уметничката програма.

OhridNews