Отворен инфо ден денес во седиштето на Црвен крст Охрид во рамки на одбележуање на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Преку промотивни материјали и видео проекции децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид и Дебрца ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст, велат од Црвен крст Охрид.
Воедно недела ќе бидат реализирани и хуманитарни активности со наши сограѓани истакнувајќи нивни дела на хуманост кои можат да донесат значајни промени во животот на луѓето и во заедницата, како и работилници за дисеминација-ширење на знаењата за Црвениот крст за различни целни групи.
OhridNews