Четвртиот Меѓународерн саем за туризам денеска свечено беше отворен во Охрид.


Годинава саемот има променет концепт, а акцент  ќе биде ставен на презентацијата на туристичките капацитети на македонските општини.

-Суштината на овој саем е да се види што туристичките места и локалните самоуправи, етаблирани како туристички места или местата што планираат да развиваат туризам, направиле досега или што планираат да направат за развој на туризмот, во насока на подобрување на својата понуда, истакна директорот на Агецијата за промоција и поддршка на туризмот, Зоран Стрезоски.


На собирот во Охрид учествуваат претставници на туристичките стопански комори, туристички работници, хотелиери, ако и претставници на дваесетина тур-оператори од Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија, Турција и Израел. За гостите од странство е организирана фан-тура низ Македонија, а традиционално тие ќе присуствуваат на одбележувањето на верскиот празник Водици. За прв пат на саемот ќе биде доделена и награда за најдобар промотивен текст за Македонија, „Златно пенкало“, која годинава му припадна на чешкиот новинар Петер Кунчиш.

OhridNews