На градскиот кеј в недела на 2 јуни со почеток од 8 часот пред хотелот „Ројал“ во Охрид за прв ќе се одржи Отворен куп во спортски риболов „Св. Стефан-Охрид 2013“ во дисциплината „пивка“.

На купот учеството го потврдија дваесет екипи од целата земја, а гостин ќе биде претседателот на македонската риболовна федерација, Васил Костов и преставник од Општина Охрид.

Концесионерот за рекреативен риболов „Пастрмка 2012“ ги повикува сите љубители на риболовот да присуствуваат и да го збогатат првиот отворен куп во Охрид.

Мх.П.
фото : архива