На 22-ри јули, сабота, во лоунџ бар „Ноа“, ќе се одржи „Code & Cocktails“ – прв отворен настан наменет за сите оние кои сакаат да се запознаат со Академијата за програмирање (SEDC CODE ACADEMY), која од октомври оваа година, за прв пат ќе стартува во Охрид.
Настанот ќе се одвива во опуштена летна атмосфера со коктел понуда од барот НОА и гратис коктели за првите 20 пријавени лица.
Во првиот дел од 17:30ч. – 18:00ч., ќе има презентација на програмата од Академијата за програмирање во Охрид, по што од 18-18.30 следи отворена дискусија на тема: „Станав програмер ради манекенки” 🙂
На настанот учество ќе земат:
• Orce Petreski, Technical Lead во Seavus и координатор на Академијата за програмирање;
• Goce Sapkaroski, Senior Developer во Seavus и ментор на Академијата за програмирање во Охрид;
• Igor Pavloski, Junior Developer во Seavus и претходен студент на SEDC Code Academy.
Во рамки на настанот ќе се одржи Speed Challenge – тестирање за полу-стипендија, наменето за сите оние кои сакаат да бидат дел од првата генерација на Академијата за програмирање во Охрид.
Тестот е електорнски и се пополнува преку мобилен телефон. Пристапот до тестот ќе биде објаснат на самиот настан и за истиот не е потребна претходна регистрација. Прашањата се на англиски јазик и се со понудени одговори. Истите се општи и логички од делот на програмирањето како област. Кандидатот со најмногу точни одговори и најбрзо решавање на тестот ќе добие една полу-стипендија за SEDC CODE ACADEMY OHRID!
Пријавувањето за настанот е бесплатно со регистрација на следниов ЛИНК.
Повеќе информации на: [email protected].
OhridNews
Академијата за програмирање на Сеавус, најголема досега, од октомври доаѓа во Охрид












