Отворен повик од Универизтетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид до сите заинтересирани професори, асистенти, магистранти и студенти на трет циклус студии да аплицираат на  Универзитетот на сите позиции.

Моментално на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ – Охрид има 5 слободни работни места за асистенти, асистенти по биомедицинска анализа на слика и асистенти по информациони теории.

Сите заинтересирани кандидати да ги испратат своите професионални биографии на [email protected]

На универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид се вршат истражувања и се изведува настава според најновите принципи на САД и Европа со целосно имплементиран Европскиот Кредит Трансфер Систем (ЕКТС) на студирање. Иако млад Универзитетот својот квалитет го потврди и со своето петто место на Шангајската листа за рангирање на високо образовните институции во Република Македонија.

Академската фела на УИНТ доаѓа од најразлични краеви на светот: САД, Италија, Украина, Индија, Иран и многу други земји од светот. Англискиот јазик е официјален јазик на Универзитетот, со што се нуди огромна можност за привлекување на што е можно поголем број квалитетни странски студенти, како и предизвик на домашните студенти да студираат на англиски јазик и да се стекнат со меѓународна диплома во својата земја.

OhridNews