Врз основа на Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за  јавно приватно партнерство за реконструкција, модернизација  и одржување на јавното и улично осветлување, општина Охрид преку Комисијата за спроведување на постапката, објави отворениот повик, за сите заинтересирани.
 
Приватниот партнер ќе треба да изврши реконструкција и модернизација на јавното осветлување со тоа што постојните светилки ќе ги замени со нови извори на светлина и при тоа ќе треба да обезбеди одржување на системот за период од 12 години. Новите светлечки тела ќе треба да обезбедат поголема заштеда на електрична енергија. Обврска на приватниот партнер е и да врши одржување на јавното осветлување за целото времетарење на договорот за јавно-приватно партнерство.


Приватниот партнер е должен да изврши реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Општина ОХРИД со монтажа на нови поекономични светлечки тела во рок до четири месеци од денот на склучување на договорот за јавно приватно партнерство.

Инвестицијата на јавниот партнер ќе се состои во тоа што новите светлечки тела (инвестиција на приватниот партнер) ќе бидат монтирани на постојната инсталација во сопственост на јавниот партнер. Јавниот партнер за целото времетраење на јавното приватно партнерство ќе има обврска на приватниот партнер да му плаќа годишен надомест (ануитети), поделен на 12 еднакви месечни рати. Јавниот партнер ќе започне со плаќање на месечен надомест 1 месеци по целосно инсталирање на новите светлечки тела од страна на приватниот партнер.
           
Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица, под услови утврдени  во Законот за концесии и други видови на јавно-приватно партнерство и тендерската документација.

Јавното отворање на понудите ќе  се изврши на 07.03.2012 година во 13.00 часот  во просториите на Општина Охрид, во присуство на овластени претставници на понудувачите.

OhridNews