Во просториите на охридската библиотека, од денес, отворен е Саемот на книгата на кој можат да се најдат и дела од капиталните едиции: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ како и изданија од едицијата „130 тома македонска книжевност“. Книгите се продаваат по цена од 157 до 300 денари примерок.
Листата на книгите што се нудат сите заинтерсирани можат да ја прочитаат на веб страницата на охридската библиотека.
Саемот за сите посетители ќе биде отворен секој работен ден од 10 до 15 часот.
OhridNews













