Третиот Меѓународен саем за туризам Охрид 2010, денеска свечено беше отворен во х. Парк. Оваа година саемот е со изменета концепција, а акцентот е ставен на промоција на домашната туристичка понуда пред странските туроператори. Во рамки на Саемот, ќе се одржи форум за туризам на кој домашните и странските туроператоти непосредно ќе разговараат за можностите за соработка. Учесниците на саемот на 19 јануари ќе присуствуваат на манифестациите по повод православниот празник Богојавление – Водици.
– Оваа година во Охрид имаме 25 туроператори од Израел, Турција, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Италија, Унгарија и Црна Гора. Тие се интересираат за субвенционирањето во туризмот, што како новина во Македонија започна да се применува од оваа година и сметам дека тоа ќе биде позитивен поттик во развојот на туризмот, истакна директорот на Агенцијата за развој на туризмот, Зоран Стрезоски.
Учесниците на саемот ги поздравија продеканот на Факултетот за туризам и угостителство Јован Стојаноски, претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, пратеничката Лилјана Поповска, заменик министерот за економија Методиј Хаџи Васков, како и претставник од учесниците.
На саемот на триесетина штандови претставена е понудата на повеќе хотели, институции, агенции и општини, меѓу кои е и општина Охрид. Саемот завршува на 19 јануари.
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен праве...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана Посочуваат дека во правно лице во Скопје пронајдени ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.