Традиционално, како и секоја година, по повод Денот на жената, охридскиот Женски Центар „Бисера“ организира изложба на дела од жени сликарки од Охрид.

Годинешната, 23-та изложба по ред, се одржа во галеријата на Куќата на Робевци.  На отворањето настапија и ученици од Средното музичко училисте „Тодор Скалоски- Тетоец“ од Струга, а за цвеќето се погрижи ЈП „Охридски Комуналец“.

Љубителите на ликовната уметност ќе можат да ја посетат изложбата до 13-ти март.

OhridNews