
Загрижува фактот, што денес немаме ниту еден деклариран а вработрен Египканец согласно Охридскиот Рамковен Договор, не се применува во реалност начелото загарантирано со највисокиот правен акт-Уставот за соодветна и правична застапеност на Египќаните во институциите на системот. Денес, за разлика од пред 10 тина години имаме најмалку 50 високообразовани Египќани/ки кои дипломирале на државните универзитети, а не се вработени во институциите на системот.
Од друга страна, плаќаме даноци и други обврски спрема државата и во тој контекст сме еднакви, но не и во правата. Ова, многу индикативна позиција на Египканите, може да имплицира огромни последици, бидејки во неможност , по легитимен пат да се реализираат правата, ке се посегне по декларирање како Албанци и Роми, а се со цел да бидат вклучени во системот. Тоа, е процес на тивка асимилација, и тука не се проблем ниту нашите сограгани Албанци или Роми, туку државата и сите нејзини механизми, кои и покрај предупредувањата, едноставно не постапувале согласно Устав и закон.
Денес, можете на една рака да наброете вработени Египќани во Јавната администрација, а да не говориме за нивно унапредување како раководители и слично. Лично, сметам дека државата прехку сите легитимни средства треба да интервенира во ова проблематика, бидејки со истата се запознати се она што значи државен врв, амбасадите и релевантните фактори.
Треба само добра волја и посветеност, за да се зачува ова лојална, мирољубива и коректна етничка заедница, која иако се бори со сите сили, по сите легитимни основи, се уште не може да се третира како етничка заедница која е рамноправна и еднаква како во правата така и во обврските, а тоа е поразително за сите демократски процеси во државата, која е наша и неотуѓива.
Дипл.правник Демир Далип
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите












