Ноторен факт е, дека начелото за Соодветна и Правична застапеност како и примената на одредбите, духот и содржината на Охридскиот Рамковен Договор не се применуваат за припадниците на етничката заедница Египкќни, што може да имплицира последици кои дирекно ке удрат врз темелите на мултиетничка, мултиконфесионална, мултикултурна заедничка татковина Македонија.

Загрижува фактот, што денес немаме ниту еден деклариран а вработрен Египканец согласно Охридскиот Рамковен Договор, не се применува во реалност начелото загарантирано со највисокиот правен акт-Уставот за соодветна и правична застапеност на Египќаните во институциите на системот. Денес, за разлика од пред 10 тина години имаме најмалку 50 високообразовани Египќани/ки кои дипломирале на државните универзитети, а не се вработени во институциите на системот.

Од друга страна, плаќаме даноци и други обврски спрема државата и во тој контекст сме еднакви, но не и во правата. Ова, многу индикативна позиција на Египканите, може да имплицира огромни последици, бидејки во неможност , по легитимен пат да се реализираат правата, ке се посегне по декларирање како Албанци и Роми, а се со цел да бидат вклучени во системот. Тоа, е процес на тивка асимилација, и тука не се проблем ниту нашите сограгани Албанци или Роми, туку државата и сите нејзини механизми, кои и покрај предупредувањата, едноставно не постапувале согласно Устав и закон.

Денес, можете на една рака да наброете вработени Египќани во Јавната администрација, а да не говориме за нивно унапредување како раководители и слично. Лично, сметам дека државата прехку сите легитимни средства треба да интервенира во ова проблематика, бидејки со истата се запознати се она што значи државен врв, амбасадите и релевантните фактори.

Треба само добра волја и посветеност, за да се зачува ова лојална, мирољубива и коректна етничка заедница, која иако се бори со сите сили, по сите легитимни основи, се уште не може да се третира како етничка заедница која е рамноправна и еднаква како во правата така и во обврските, а тоа е поразително за сите демократски процеси во државата, која е наша и неотуѓива.

Дипл.правник Демир Далип

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите