Во присуство на пријатели, деловни соработници и познати личности од јавниот живот, синоќа, со пригоден коктел и официјално беше отворена екслузивната модна продавница „Румор“, која се наоѓа на булеварот „Туристичка“ во зградата „Печијаре“, веднаш до здравстената ординација „Дарон“.
Зад „Румор“ стојат две познатите личности од светот на модата во Охрид и пријатели од детството, Лејла Гогова и Алек Бимбилоски. Тие ја носат високата мода од Њујорк и Париз во Охрид.
Во „Румор“ може да најдете модни парчиња креирани од светски познати модни креатори: Ристо/Париз, Монографи /Париз, СЕВ/Париз, Елла/Исланд и Џуми Лим – We are owls NewYork/Њујорк, кои ќе се продаваат по цени прикладни за македонскиот пазар.
Покрај ова, „Румор“ стартува и сопствена колекција „Rumor“, која ќе се произведува во Охрид со висококвалитетни материјали специјално изработени во Италија. Тука ќе најдете и уникатни модни детали, како накит од филигран, дизајнирани новчаници и рачно изработи специјални миризливи свеќи.
Во „Румор“ има и „home“ катче каде се продаваат рачно плетени перници, како и и рачно плетени производи.
OhridNews
Фото: „Мега продукција“
„Румор“ ја носи високата мода во Охрид