Голем број љубители на уметноста присуствуваа на промоцијата на мултимедијалниот презентација „ВО НАШИТЕ МИСЛИ“, на која беа претставени дела на млади уметници од нашиот град, кои воедно се и волонтери во Црвен крст Охрид членови на клубот за уметност.
Преку објективот на Емилија Алексиоста и Натали Башоска присутните за момент имаа можност да влезат во светот на фотографската вечност. Како специјални гости со свои дела пред охридската публика се претставија Славко Баче со скултури од дрво и Сион Доленц со рачно изработени украсни свеќи. Покрај прекрасните уметнички дела присутните уживаа и во извонредните гласовни способности на Миланка Новеска, Натали Илијоска, Ева Мари Трајческа ,Филип Начовски и Бранислав Ефремов. Беше прикажан и краткометражен филм за непристрасноста на волонтерите од Црвен крст.
Цртежите се изработени во најразлични техники и мотиви, секој од младите уметници имаше претставено еден централен лик и се она што сака да го покаже на гледачот. 
Изложбата која е од хуманитарен карактер може да се погледне во Центарот за култура „Григор Прличев“Изложбата, а заинтересираните граѓани може да купат од уметничките дела кои младите уметници  ги подарија на Црвен крст Охрид како поддршка на идните активности на младите и помош на деца од загрозени семејства во општините Охрид и Дебрца. 
OhridNews