Во рамките на програмата на 64-тите Струшките вечери на поезијата во хотел Дрим беше отворена изложба „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков, кој е и автор на визуелните материјали, плакатот и изложбениот материјал на ова Фестивалско издание.
На изложбата претставени се 10-тина графички дизајнирани плакати со македонската глаголица.
Моите дела се одредена рефлексија на тоа што треба да претставува самиот знак. Кога ќе го погледнете плакатот треба да пробате да ја разберете логиката на знакот. Тоа не се хиероглифски форми. Тоа се форми кои метафорички ја пренесуваат суштината на Библијата. Аз буки вједи, добро јест живјети, значи оној кој ги разбира буквите, знае да ги препознае и зборовите и ќе биде поблиску до Бога и ќе живее. Тоа била практично, нашиот живот е толку испревртен, предоминантен со технолошки оптеретувања, а тие едноставно пришле на тоа со голема логика и сенс. Со многу широко разорање направиле еден знаковен систем кој требало да ги образува сите словени, вели Трипков.
Глаголицата за него, не е само елемент кој што живее во форма на изложба, туку глаголицата од пред три години ја префрлил во виртуелна реалност.
Сметав дека начинот на кој што таа ќе кореспондира со публиката ќе биде подобро за директно да се доживее да се транскрибира тоа чуство, таа емоција која што таа ја носи до секој поединец што ќе го користи виорот. Со тимот на Галактик Омнивор ја развивме целата таа идеја. Заинтресираните имаа можност преку уред, очила да го доживеат тоа чуство од 9-ти век. Идејата е да се вратиме назад во 9 век со историски контекст, но со современа димензија која ќе може повеќе да го приближи на нашите денешни согледувања. Со виртуелната реалност сакаме да предложеме еден поинтерактивен пристап каде ќе кажеме дека уметноста и културното наследство одат рака под рака со технологиите. Ако не ги пратиме технологиите можеме и назад да останеме, дециден е авторот.
OhridNews