Во старата зграда на охридскиот пазар, од денес почна со работа канцеларијата на охридската пратеничка во македонскиот парламент, Жаклина Лазаревска. Канцеларијата е отворена од Собранието на Република Северна Македонија, а со цел во неа Лазаревска да остварува средби со граѓаните и да ги слушне нивните идеи, предлози и проблеми.

Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, а средбите ќе се закажуваат преку вработениот асистент во канцеларијата.

OhridNews