Некаде во деведесетите еден братучет се прекрсти и ми велиТ: „Дај боже, да имаме секоја година избори.“ Во неговата охридска населба тазе се стави нешто чудо, нешто невидено до тогаш за нив во тој дел од градот – канализација! Тамам се асфалтираја улиците и за среќа имаше и место за тротоари. Колку беа среќни, беа поврзани со цивилизираниот свет, не беа повеќе отфрлени. Не требаше повеќе да мафтаат низ калта и да возат по дупки за на работа, до комшии, до продавница или до училиште.

Ако треба да им верувам на сите кандидати на актуелниве избори со нивните изјави по различни медиуми: Охрид е веќе, или ќе биде Женева, град со висок животен стандард и многу предизвици. Најактивна и позитивна со вистински резултати во Охрид моментално е борбата против дивоградбите, совеста за екологијата, заштитување и зачувување на градот и природата. Иако УНЕСКО по светот не е секогаш за се во право ама е моќна организација. Да имаш УНЕСКО печат како Охрид, тоа е нешто ексклузивно. Најважно народот и градот да имаат корист. Без разлика дали е нешто намерно предизборно или која партија владее на државно или локално ниво. Како што рече братучедон…

Рем Колхас од Холандија е славен светски познат архитект. Деновиве го слушав на инспиративно интервју за користење на просторот, градење на објекти во интеграција со околината. Измислува спектакуларни градски градби, има идеи за поврзување на заборавени полиња со села и градчиња, и како тие места да имаат функција во иднина за живот, бизнис, природа, релаксација, движење, дружење, развој. Клуч за се му е визијата.

Изминатите три децении тоа фалеше кај сите кои владееја во Охрид. Во Охридскиот регион имаше еден тренд: комшијата наеднаш ја продаде куќата на некого, другиот ден се појавија булдожери, камиони, краној. И на истиот простор предвиден за куќа се исправи неквалитетна зграда. Дали одговарало, дали е правилно, реално, дали се вклопува во населбата, дали е добро за следните децении, дали е одговорно кон жителите, се’ без визија.

Лично сум среќен што Канео се потсреди. Секој еден си има своја приказна околу тоа магично место. Холандскиот писател Ден Доолард во неготава книга „Свадба во Охрид“ пишува за Свети Јован Канео: „Тивка осамена помеѓу земјата и небото, црквата требаше да биде овде симбол на божествено создавање. Во ова ретко место, каде што земјата и водата, сонцето и ветрот се среќаваат мирно. Во овој природен амбиент едните и другите се држат во мистериозен танц. Црквата набљудува се од карпата, контролира и размислува. На ист начин како свирач со кавалче го води орото и ги турка луѓето со привлечна мелодија.“

Во деведесеттите се запознав на нова година со мојата сопруга, родена во Охрид. Имавме размена на задоволства. Пред оваа сцена веќе ја имаше главната сцена: таа љубов на прв поглед. Испадна дека сме двајцата вљубеници во Канео. Утрото се договоривме за пешачење „во правец со привлечната мелодија.“ Завршивме во „мистериозен танц“ во едно празно кајче на камчињата, требаше да бидеме тука, долу кај карпине од Свети Јован Канео, во ова ретко место.  Во тишина и празнина каде што сонцето и ветрот се сретнаа мирно.

Кога видов последниве години што се случуваше и што се направи тука со кафански маси на комерциалјна бучна база и без визија, ми се одмили се. Кај моете, од сите нас, наше Канео.

Некогаш подобро е во Охрид некаде и да нема простор за коктели, бетонски платформи, лежалки и скара со слаб помфрит. Тоа што се врати ова место како што треба е божествено.

Влатко, Амстердам

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите