Од 13ти до 17ти октомври во ИБ Спорт Центар – Охрид секој ден со почеток од 20:00 часот ќе се одржуваат отворени тренинзи по аеробик, бодикомбат, пилатес и зумба. Истите се бесплатни и на нив може да присуствуваат сите заинтересирани.
Повикај ја твојата другарка која се уште не започнала со вежбање и испробајте ја новата програма со свежи вежби и нови чекори – идеална можност да се раздвижите и забавувате заедно, порачуваат од ИБ Спорт Центар.
Вторник, пак, 14 октомври, е отворен ден во теретаната на ИБ Спорт Центар.
Од 15:00 до 22:00 часот ќе може да се пробаат новите справи во теретаната и да се вежба заедно со фитнес инструкторите на ИБ Спорт Центар.
Отворените денови во ИБ Спорт Центар ќе бидат заокружени со супер бесплатна забава во вторник, која почнува во 21 часот.
OhridNews