На иницијатива на студентите, во период од 9 – 12 декември во просториите на Универзитетот по втор пат ќе се одржи „Отворена недела на едукација за компјутерската наука“.
Во рамките на Отворената недела секојдневно со почеток во 18:00 часот, студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе држат предавања во времетраење од 60 минути на тема „Основи на компјутерско програмирање“.
Се покануваат заинтересираните граѓани да дојдат, да научат и да го разбудат сопствениот интерес за програмирањето и компјутерските науки.
Отворената недела се одржува во рамките на глобалната иницијатива за едукација на теми од областа на компјутерските науки, поддржана од студентите по компјутерски науки ширум светот.
OhridNews