Со пригодна свеченост, денес, беше ставена во употреба новата забавно рекреативна и фитнес зона на пешачката патека кон Парк. Делот опфаќа едно детско игралиште со рекзвизити и фитнес зона, изградена во соработка со Агенцијата за спорт и млади.

– На овој начин придонесовме кон збогатувањето на атрактивноста на оваа патека покрај езерото и им овозможивме на најмладите да можат да се забавуваат и рекреираат, а на оние кои се занимаваат со рекреативен спорт да ги користат реквизитите. Новата рекреативна зона се наоѓа на најатрактивната патека со прекрасен поглед и во природен амбиент. Ова е втората рекреативна зона после изградената кај Холандскиот парк и реконструираното детско игралиште кај каналот Студенчишта, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот упати апел да престане девијантното однесување на поединци кои години наназад уништуваат јавни добра.

Додаде дека трендот на локалната самоуправа за инвестирање во пешачки и рекреативни забавни зони ќе продолжи со цел граѓаните што почесто да излегуваат и се дружат надвор од своите домови.

Ohridnews