По неколку месечната пауза во текот на зимскиот период, една од најубавите охридски плажи, „Потпеш“, од денеска повторно е отворена за посетителите.



Отворен е и угостителскиот објект на плажата така што посетителите, освен во прекрасната природа, од денес па во текот на целата туристичка сезона ќе можат да уживаат и во традиционалните јадења и пијалаци.

OhridNews