
-Полициската канцеларија се наоѓа во просториите на основното училиште „Св.Наум Охридски“ а ќе биде отворена секој ден во времето од 12 до 16 часот. Во овој временски интервал, граѓаните од Пештани и околните населени места ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници, да ги остварат своите права, да изнесат свои ставови за подигнување на степенот на безбедноста на подрачјето и да добијат навремена и точна информација што е предмет на нивниот интерес. – информираат од СВР Охрид.
OhridNews











