До Фонд за комунален развој
Општина Охрид

Почитувани

Денот 17-ти септември 2022 година за жителите на најпрво урбанизираните улици во Охрид: „Галичица“, „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“ ќе биде запаметен како ден кој значително ќе им ги промени животите на жителите од овие улици.

Соочувајќи се поплавените приземни простории со исклучиво фекална вода од секундарната канализциона мрежа, која се приморани деноноќно да ја црпат со разни пумпи и истат вода да ја разлеваат по улиците до постоечките чахти за какализација. На овој начи, покрај нарушувањето на здравјето на директно засегнатите станари од поплавните простории ризикот за инфекција со патогените колиформи бактерии од канализацијата далеку се проширува кон останатите жители од наведните улици, како и кон сите оние кои имаат пореба да ги користат ови улици при своето секојдневно движење по истите.

Пумпите со кои располагаме како станари до засегнатава област, се недоволни за целосно исрпување на фекалиите од просториите. На тој начин, предметниов потег на поплавени станбени објекти представув отворено жариште на зараза со колиформни бактаерии, што во дадени случаи доведува до високи негативни промени кај луѓето, кои во доста случаи можат да битат и со летален исход. Ова особено треба да се има пред вид кога се знае дека по вака загадените улици чекорат и најмладите генерации од оваа населба кои секојдневно се упатуваат и враќаат од своите обрзовни установи.

Длабоко сум убеден дека одделни деца кои тука врват се на родители кои се вработени во надлежните служби за разрешување на овој жежок проблем.

Од Раководителот на општинскиот инспекторат добив информација дека предметната состојба е регистрирана ина терен и дека според правилата дадени се налози за разрешување на проблемот до Фондот за комунален развој на Општина Охрид, кој, покрај другото е одговрен за оваа преблематика. По пат на телефонски разговор со Раководителот на Фондот(обавен на 29.09.2022 г., бев информиран дека наредниот ден (петок 30.09.2022 г.) со оглед на итноста, паралелно ќе отпочне и чистењето на старата канализациона линија со позајмување соодветна машина од Скопска специјализирана компанија која во перидов е најмена од ЈП Колекторски систем за работи на отпушување на примарната линија на Колекторот. Односно истата машина бидејќи е единствена моќна за вакви зафати, а ЈП Нискоградба не располага со потребна техничка опременост за случајов, неопходно е најпрво да се изврши отпушување на постоечката канализациона линија и да се започне со работа за ископување и поставување нова канализациона линија која ќе претставува трајно решение за спречување на поплавување на приземните простории со фекални и атмосферски води кај засегнатите објекти.

Од друга страна пак, информирани сме дека преговорите помеѓу надлежните за наведениов проблем од Општина Охрид и ЈП Колекторски систем се закажани дури за 5 октомври. Дотогаш, како и ако не се постигнат соодветни договори, ќе бидеме осудени и понатаму да живееме во ужасната смредеа на фекалиите, да бидеме изложени на потенцијални зарази и воедно да бидеме извор на поширока зараза во околината и тоа во време кога голем број од населението се’ уште страда од намален имунитет како последица од прележување на Covid 19.

На 27 септември 2022 г. по мое лично барање претставници од Центарот за Јавно Здравје – Охрид, извршија колекционирање на водата од приземните простори во домовите на Галичица бр.28 и бр.30. за што ми издадоа и соодветен записник. Поради потребниот период за инкубација на микроорганизмите од 48 часа, резултатите ќе бидат објавени во понеделник и истите ќе ги проследам и до надлежните во Општина Охрид.

На ден 29 сптември 2022 г. од страна на ЈП Нискоградба од Охрид, започна сечење на асфалтот од пресекот на ул. Никола Карев и ул. Мирче Ацев вдолж коловозот на последната за изведување градежни работи за поставување на нова канализациона линија во рамки на секундарната мрежа.

Познато е колку време се изведуваат вакви градежни зафати кај нас. Во развиените земји, при појавата на вакви проблеми и кога е директно загрозено здравјето на луѓето веднаш се интервенира на сите можни позитивни начини и се работи без прекин по 24 часа.

Од друга страна, кога ќе се повлече водата, допрво ќе ги согледуваме штетите настанати во приземните простори. Но, сега пред се’ здравјетo е битно.

На крај од овој мој допис, а пишуван во името на сите засегнати од населбата, да апелирам најитно да се изнајдат можности за екстракција на водата со поголеми пумпи од Јавните Општински Претпријатија кои располагаат со такви. Ова е веќе 15ти ден како сме изложени на фекалии!!!

Со почит,

Зоран Спирковски,
ул. Галичица

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.