Во соработка со Општина Охрид, во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој почна со работа регионалната канцеларија на Стопанската комора на Македонија.

Преку заедничка соработка на Општина Охрид, Комората и локалните бизниси ќе се настојува за подобрување на бизнис климата на локално ниво, интернационализација на малите и средни претпријатија од регионот и поддршка на профитно и непрофитно ориентираните асоцијации.

Регионалната комора ќе го обезбеди првиот контакт со претставниците на бизнис секторот и со подршка на коморските оперативни услуги ќе помогне во развојот на приватниот сектор.

Од Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Македонија ги охрабруваат сите компании со свои предлози и барања да се обратат во канцеларијата што се наоѓа во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој.

OhridNews