Викендов во Охрид во просториите на ОУ “Братство Единство“ под раководство на наставникот по математика Борис Лушески започна со работа Шаховската школа за деца од 6  до 14 год.

– Шаховски клуб во Охрид некогаш имало, но веќе неколку години не постои. Стапивме во контакт со генералниот секретар на Шаховска федерација на Македонија, Иван Коцовски кој ни ги даде потребините инструкции како да ја отвориме шаховската школа која се надевам ќе прерасне во шаховски клуб – вели основачот Лушески.

Запишувањето на нови членови ќе се врши секоја сабота во периодот од 08ч до 10ч во просториите на училиштето.

М.П.