Во пресрет на одбележување на Денот на музејските работници, 18-ти мај, вчера во Куќата на Робевци беше отворена 23-тата традиционална изложба на слики.

Меѓу уменитците чии дела се застапени на изложбата се Златко Нежиќ од Загреб, Јон Атанасиу Деламаре од Букурешт, Снежана Гроздановиќ од Белград, а од домашните Стефан Цирагридов, Доне Милјановски и други.
Инаку, изложбата ќе биде отворена секој ден освен понеделник, до 30-ти мај.
OhridNews
					



							






