Отворени се броеви за донации за лекувањето на охриѓанката Сара Настеска во Германија. На 15-годишното девојче дијагностициран и е малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува  правилна регенерација на крвта во организмот.

Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор  е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.

Броевите за донации се 143 102 (Т-мобиле) и 143 480 (ВИП), а може да се донира и со уплата на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Викендов во Охрид има богата спортска програмата и на сите настани ќе има екипи од Црвен крст кои ќе собираат доброволни средства.

OhridNews