На 3-ти и 4-ти декември од 11 до 14 часот во просториите на Општина Охрид ќе има Отворени денови за сите кои сакаат да го видат, но и дадат предлози за новиот Буџет на Општина Охрид за 2023 година.

Во овој период сите Вие кои имате идеи, предлози и решенија кои би можеле да ни ги презентирате или доколку Ве интересира што ние имаме предвидено во Буџетот за 2023 година, Ве поканувам да дојдете. Присутни покрај мене ќе бидат и Претседателот на Советот на Општина Охрид, Секретарот на Општина Охрид, раководителите на сектори и одделенија од Општина Охрид, Директорите на Јавните претпријатија и дел од советниците во Советот на Општина Охрид, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Бидете дел од промените што носат иднина!, порачува Пецаков.

Инаку, Нацрт буџетот за 2023 година доби зелено светло на последната одржана седница на Совет на Општина Охрид, по што според законската постапка е ставен на јавен увид од страна на граѓаните. Јавниот увид трае 10 дена почнувајќи од 28.11.2022 год.

Координаторката на советничката група на СДСМ, Живка Ангелоска на последната одржана седница повика на што поголема вклученост на граѓаните во креирање на буџетот.

Дирекното учество во креирање на буџетот е од голема важност, од една страна за да се креира Буџет согласно потребите на Општината да може непречено да функционира и да ги дава услугите кон граѓаните, а од друга страна ако имаме креатор граѓани, ќе биде усогласен и врз приоритетните потреби на граѓаните, додаде Ангелоска.

OhridNews