Во сите 11 регионални канцеларии на Централниот регистар во земјава, од денес почнуваат отворени денови на Централниот регистар на РМ. Тимови од стручни лица ќе им бидат на располагање на граѓаните и правните субјекти, кои ќе им ги даваат потребните информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција.
Најголемиот број прашања се очекува да бидат поврзани околу новините што се спроведуваат во Регистарот и за задолжницата како инструмент за обезбедување на побарувањата.












