Охриѓани кои сакаат да се информираат за одредени прашања поврзани со новините во работењето на Централниот регистар на Република Македонија, ќе може да бидат дел од ,,Отворените денови на Централниот регистар’’ кои ќе се одржуваат во Охрид на 9-ти јануари 2014 година.
-Тимови од централата на Централниот регистар ќе бидат достапни да одговорат на сите отворени прашања. Ги покануваме граѓаните да ја искористат оваа можност и да се информираат за измените во законската регулатива, како и за други конкретни прашања, стои во Јавното соопштение на Централниот регистар, објавено во медиумите.
Освен во Охрид вакви отворени денови ќе се организираат и во регистрационите канцеларии во другите градови од Република Македонија.
OhridNews