„Отворени денови на Управата за водење на матични книги“ во Охрид
23.12.13 11:06
Подрачното одделение на ,,Управата за водење на матични книги” во Охрид, во четврток на 26 декември ќе го реализира проектот „Отворени денови на Управата за водење на матични книги“. Тоа значи дека во временскиот период од 10 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути граѓаните ќе може да се информираат за сите детали околу функционирањето на овој орган, кој работи во состав на Министерството за правда.
Целта на овој проект е граѓаните, непосредно и директно да ги добијат потребните информации и појаснувања околу издавањето на документи од матичната евиденција како и запишувањето на податоците за промените во граѓанската состојба во матичните книги на родени, венчани и умрени лица.
Во рамки на реализацијата на проектот покрај стручен тим од управата, ќе присуствува и Ашим Зеќироски директорот на Управата за водење матични книги.
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Со свечена академија „Од идеја до независност“, што вечерва се одржа на малата сцена во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид го започна одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската...
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.