
Како што дознаваме, за наградата „Свети Климент Охридски“ конкурирале 7 заинтересирани, а за повелба, на општинската адреса пристигнале 12 апликации. Дел од предлозите се повторуваат.
Комисијата треба да се состане во текот на неделава и да ги разгледа поединечно предозите.
И годинава, Општина Охрид, по повод патрониот празник на градот-Свети Климент Охридски доделува една награда и три повелби.
Се очекува, годинешните добитници да бидат соопштени на почетокот од наредниот месец.
Ohridnews












