Најчесто како единствен знак на предупредување за минувачите е ставена гранка од дрво или картонска кутија со која добронамерни граѓани сакале да ги предупредат останатите минувачи да внимаваат. Сепак, во вечерните часови тешко дека може да се забележат ваквите предупредувања.
Капаците од шахтите беа еден од најчестите „пленови“ на крадците кои потоа ги препродаваа за старо железо, поради што во март беше донесена одлука за забрана за вршење внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг.
За да се тргне забраната се очекуваат конкретни резултати- да се намалат кражбите, отпадите да се однесуваат според законите, да соработуваат со државните органи со цел материјалите кои се забранети за откуп да не се откупуваат понатаму.