Во Македонија денеска се одржуваат осмите Локални избори. Во 7 часот отворени беа сите 3474 гласачки места во земјата каде се гласа за градоначалници и членови на совет.
Во Охрид вкупно во избирачкиот список се запишани 52 580 граѓани со право на глас. Гласањето почна навреме во сите 87 избирачки места во општината и се одвива непречено.
Навреме отворени се сите гласачки места и во Дебрца каде на овие Локални избори право на глас имаат 3937 избирачи.
Државната изборна комисија првиот пресек на излезност го најави во 9:30 часот. Охридњуз ќе ги следи Локалните избори и редовно ќе известува во текот на целиот изборен ден.
Г.М.