На полигонот за мали спортови, свечено беа отвоорени Спортските игри на пензионерите од општините Охрид и Дебрца. За отворени ги прогласи градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески.


– Ви посакувам успешни спортски игри и убаво дружење, добро здравје и натамошни успеси во другите пензионерски активности. Ви ветив и стојам на ветувањето дека за скоро време, на просторот меѓу Младинскиот центар и хотелот „ Далјан“ , веднаш до езерото, ќе започне изградбата на современ пензионерски дом- рече Петрески. 

OhridNews