Со интерпретација на антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов и палењето на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга, синоќа свечено беа отворени 51-те Струшки вечери на поезијата.


За прв пат по 1965 година песната „Т’ га за југ“ ја прочита потомок на браќата Миладиновци – стружанецот Ристе Миладинов.


На свеченото отворање стихови читаше донитникот на Златниот венец за 2012 година, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте.


Струшките вечери на поезијата на кој учествуваат 120 странски и домашни поети продолжуваат со традиционалните содржини, а по повеќе години манифестацијата се враќа на улиците во градот на поезијата, каде ќе се одвива дел од предвидената програма.

OhridNews
фото:ЕМИЛИО