
Фестивалот за отворен го прогласи покровителот, претседателот на Република Македонија – Ѓорѓе Иванов. Во своето обраќање тој истакна дека Охридското лето е мост на уметноста и културата во овој дел од светот и духовен континуум на древната Охридската традиција.
–Охрид е центар од кој се ширеа духовни и културни вредности кон северна и западна Европа, Азија и Медитеранот, додаде Иванов.

На свеченото отварање присуствуваа околу 3000 вљубеници во уметноста меѓу кои и претседателите на Албанија и Косово, Бамир Топи и Фатмир Сејдиу, кои се гости на претседателот Иванов.

Честа да го отвори годинешното Охридско лето му припадна на светски познатиот композитор и оскаровец Енио Мориконе, чии познати дела од уште попознати филмови беа дел од мега спектаклот “Беше еднаш во Македонија“.

Отворено 49-то Охридско лето
					








							






